Малата Јована, првороденото бебе во Штип ги „заработи“ првите 10.000 денари

Штип, 03.01.2018

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев го посетија првото родено бебе за 2019 година. Се работи за женско дете родено вечерта на 01.01.2019 година во 02:45 минути.

 „Верувам дека малата Јована којашто е од Македонска Каменица, првото родено бебе во Клиничката болница во Штип, ќе донесе многу среќа, многу нови родени бебиња овде во Клиничката болница во Штип“, рече Бочварски.

 ПРВОРОДЕНООбраќајки се преку медиумите Бочварски го рече и следното:

 „Сакам да ја искористам оваа прилика да ја честитам новата 2019 година на семејството на малата Јована, по тој повод денеска традиционално, Општина Штип во соработка со Комерцијална банка донираше штедна книшка на малата Јована, во вредност од 10.000 денари, подарок-столче за бебето и дополнително 10.000 денари ваучер на акушерското одделение,“ изјави Бочварски.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе