ВЕВЧАНИ: Огномет од бои, идеи и пораки на Вевчанскиот карневал – 2019

Вевчани, 13.01.2019

Огномет од бои, идеи и пораки се истури денес напладне на Вевчанскиот карневал – 2019. Печат на вториот ден од карневалот, му даде традиционалната карневалската поворка на која вевчанските василичари за првпат ги претставија годинашните маски.
Најавени беа над илјада маски, додека поворката беше долга неколку стотини метри. Талат Џафери собираше пари за пратениците на контејнер. Химната им беше посветена на “Осумте величенствени” од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, додека доминантен беше нивниот пратеник Крсто Муковски.
За целото време, населбата беше сардисана од сите страни. Невозможно беше во Вевчани да се влезе со возила. Ги имаше од секаде, додека колонота достигнуваше речиси до сообраќајницата Струга –Дебар. Досега нешто невидено
Градоначалникот Сашо Јанкоски, најави бројка од 10.000 за трите дена.
На денешниот официјален почеток, присуствуваше и говореше потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчески, додека мегу присутните беше и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј.
Карневалот започна синоќа, со забавниот дел од музичката програма што ја предводи групата „Архангел“.Настапи и регионалната музичка група „Галија“. , како и Диџеј Рутбој.
Пред тоа, беше официјално отворена изложбата на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од Анастас Ќушкоски. Вечерва, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат можност да слушнат повеќе етносостави, меѓу кои и „Баклава“.
Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција што се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој, според своите специфични особини, се одвојува од другите во светот поради својата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

ВЕВЧАНИ КАРНЕВ НОВИНА ВЕВЧАНИ 8 ВЕЛИЧЕСТ ВЕВЦАНИ НОВО 1 ВЕВЦАНИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе