Штип, 18.04.2019
Новинарска делегација од регионалниот центар на новинари „Исток“ денес во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип му го врачи признанието за најдоброто во науката на академик, проф.д-р Блажо Боев, рекотор на овој универзитет. Регионалниот центар беше претставен од претседателот Тони Михаилов и членовите Игор Стојанов, Саше Максимов и Иван Бојаџиски.
Академик Боев беше службено спречен да присуствува на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ во избор на новинарите од регионот која се оддржа на 5 овој месец на МСУ во Свети Николе, а денес со убави зборови тој се заблагодари за, како што рече „големото признание кое доаѓа од новинарите кои ги следат активностите во регионот“.
„Новинарството е исклучително важна професија и за нашето општество, а новинарите како вечни трагачи по вистината се нешто без кое не е можно да се оди напред во секоја смисла, па и поради тоа исклучително сум благодарен за признанието кое тие ми го доделија“, изјави Боев.
Годинава вакви признанија беа доделни на шеснаесет стопански организации, институции и поединиц за нивните значајни остварувања во стопанството, регионалниот развој, науката, образованието, новинарството, здравството, животната средина, невладиниот сектор, општествената одговорност, културата, спортот…
Оваа манифестација годинава го имаше своето петто издание.