Охрид, 26 април 2019
– Славна Дебрца го покажа денеска вистинското патритско лице, кревајќи се на нога, да го пречека претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.
Затоа, пак, и тој им возврати – ги расположи и насмеа.
Сиљаноска и Иванов се разликуваат само по полот, рече Пендаровски, појаснувајќи дека граѓаните не бираат само помегу Стево Пендаровски и Гордана Сиљаноска Давкова, туку мегу прогресот и регресот.
– Затоа излезете масовно. Излезете да го означиме финалето на еден успешен процес, кој земјата ја внесе во НАТО, а не очекува и скорешен почеток на пристапните преговори за полноправно членство во европското семејството на демократски и просперитетни земји. Гласот за Сиљаноска е глас за Иванов, за продолжување на погубните политики на Никола Груески. Верувам дека ќе знаете бда изберете помегу одење напред и враќање назад, заглавување во ендек, потенцираше Пендаровски.
Пендаровски рече дека, досега, никој во земјата не слушна Сиљаноска да се огради од Груевски, од криминалот и деспотизмот на фамилијата.
– Затоа велам дека е таа другото лице на Иванов, човекот кој е до толку татко на сите граѓани, што не потпишува закон, со кој за 300 посто се зголемува социјалниот придонес за најранливата категорија граѓани во земјата. Не го признавал новото име Северна Република Македонија! Ќе направеле подобар договор! Со кого ќе направат и кој ќе им биде гарантот, кога од Брисел и Вашингтон, им пристигнуваат секојдневно пораки, да си ги чуваат настрана рацете од судските постапки и да дозволат криминалците кои ја опустошија земјата да завршат онаму каде им е местото, потенцираше претседателскиот кандидат на СДСМ и коалцијата,Стево Пендаровски на митингот во село Белчишта, центарот и седиштето на општина Дебрца.