Штип, 12.06.2019
Група од 43 лица од вкупно 22 држави, учесници на вежбата Regex 19 предводени од своето раководство, денес беа во посета на археолошкиот локалитет Баргала и на музејот во Штип.
Се работи за учесници во спомнатата вежба од држави кои не се членки на НАТО, но претендираат за таму.
Групата покажа значаен интерес за историјата на стариот град Баргала, како и за изложените разновидни експонати во Музејот на град Штип.
Во прилог неколку фотографии од настанот.