ДЕЛЧЕВО: Објавени тендерите за изградба на улици и канализација во населбата Басарица

Делчево, 24.06.2019

Општина Делчево денеска ги објави двата тендери со кои ќе се бараат најповолни понудувачи за реализацијата на двата капитални инфраструктурни проекти во населбата Басарица и село Полето.

По јавната набавка на работи „Изградба на улици во населено место Басарица во Општина Делчево“ отворањето ќе биде на 09.07.2019 во 8:00 часот електронски на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). По јавната набавка на работи „Изградба на фекална канализација што поминува низ дел од населба Басарица и дел од постојна населба покрај локален пат Л2: Делчево-с. Киселица-с. Вратиславци, Општина Делчево“, отворањето ќе биде на 09.07.2019 во 11:00 часот електронски на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Сите заинтересирани можат да присуствуваат на јавното отварање во салата за состаноци на Општината.

Инаку, средствата за реализација на двата проекти се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а средствата за ДДВ во висина од 18% се на товар на Општина Делчево.

Во рамките на проектот за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, ќе се градат улици во населбата Басарица во должина од 1 км, а обезбедените средства се во висина од 18.538.884 денари. Со вториот проект ќе се градат 4 крака од канализацискиот системи во населбата Басарица и Полето во должина од 2000 метри, а вредноста на проектот изнесува 7.303.337 денари.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе