Штип. 12.12.2019
Под диригентската палка на Ивана Ѓурѓевиќ Јанков Градскиот хор – Штип вечерва приреди Новогодишен концерт на кој публиката уживаше со сите сетила.
Од Разболела се Ленка Пингова, преку Брала Моми Капини и Јас ќе ти купам свилено фустанче, па продолжено со Камено срце, Момиче мало ѓаволо, Калеш Анѓа, Не кани ме, Чукни во дрво и низа други песни хорот беше наградуван со бурен аплауз.
Концертот беше во Домот на млади, салата беше загреана и полна со народ кој го сака хорското пеење, траеше околу еден час, а публиката од него си излезе претходно упатувајќи честитки до диригентката и до сите хористи.
Сега следи традиционалниот новогодишен концерт на КУД „Ристо Донев-Учителот“ кој е закажан за 17 овој месец во Домот на култура „Ацо Шопов“, а на крајот доаѓа настанот на годината – годишниот концерт на Музичкото училиште „Серѓеј Михајлов“. И за двата претстојни концерти секогаш се бара карта повеќе.