ШТИП: СДСМ преку прес се пофали на вложувањата во патната инфраструктура

Штип, 15.01.2019 г.

Во Штип СДСМ, на прес конференција, ги елаборираше реализираните проекти во патната инфраструктура.

-Минатата година беше доказ за успешна година на полето на капитални проекти и инвестиции во патната инфраструктура, како на локално, така и на регионално и централно ниво. Реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, поттикнувајќи економски раст и директно решавање на најважните суштински и егзистенционални потреби и проблеми на граѓаните кои 11 години беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

На локално ниво работиме домаќински и одговорно, па затоа можеме со гордост да констатираме дека изградивме и реконструиравме над педесет улици.

avtopat-miladinovci-stip-362849372Имено, кога зборуваме за изградба на комплетно нови улици, зборуваме за: улиците 6 и 7 во населба Баби, три улици во населба Сењак кај објект „Луна Комерц“, нова улица во населба Суитлак, четири краци од улица во населба Железничка, изградба на краци на улиците „Радански Пат“ и „Косовска“, нови улици во Блок 2000, четири нови улици во населба Караорман, седум нови улици во Сончев град, улица „11 Конгрес“ во населба Баби, асфалтирана улица од Фаза 1 од Обиколница на Штип и улица од Фаза 2 на Обиколница на Штип.

Изградивме и делница од релацијата на патот Шашаварлија – Кошево.

Освен што градиме ново, го одржуваме и постоечкото.

Имено, на локално ниво ги реконструиравме улиците „Крушевска Република“, „Иво Лола Рибар“, „Ѓорги Петров“, „Петта Партиска“, „Плачковички одреди“„Сутјеска“, „Ленинова“, крстосница кај улица „Вита Поп Јорданова“, дел од улица „Борко Левата“, пристапна улица и паркинг на улица „Сремски Фронт“, „Благој Мучето“, краци од улиците „Еврејска“ и „Пиринска“, бетонирање пристапна улица во Шардаван Баши и на крак од ул. „Рајко Жинзифов“.

Исто така, рампониравме улици во населбите Балканска, Каваклија, Света Недела, Плуждино, Три Чешми, Железничка и Караорман. Изградивме плато во населба Три Чешми, а ги реконструиравме платоата кај градинката во Ново Село и кај Пензионерски Дом.

Сите нови инфраструктурни решенија се темелно изработени, во што беше вклучено и улично осветлување за сите нови улици. Во патната инфраструктура се вложуваше како на локално, така и на централно ниво.

Во 2019 година во употреба беше пуштен автопатот Штип – Миладиновци, со што Штип стана автопатски поврзан со цела Европа.

Работиме на изработка на квалитетен експресен пат на релација Штип – Кочани, пат кој е од големо значење за истокот.

Експресниот пат Штип – Струмица е во својата финална фаза и се очекува овој експресен пат да биде пуштен во употреба порано од предвиденото.

Не само што градиме нови, туку и ги реконструираме постоечките патишта. Имено, само во 2019 година, реконструирани и рехабилитирани се 505 километри од нашите патишта.

Вложувањата во инфраструктурата обезбедуваат повеќекратни придобивки за економијата и бизнисот, затоа и економијата во државата расте.

Затоа ќе продолжиме со засилени работи на терен и со нови инвестиции на капитални објекти. Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните, рече на пресот Маријана Рогожарска Поповска, членка на ЦО на СДСМ

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе