Штип, 25.02.2020
-Во изминатите две години, колку што СДСМ е на власт на локално ниво, направивме суштински значајни инвестиции во секој дел на градот. Особено внимание посветивме на најбрзорастечката и најгусто населена населба во Штип – населбата Сењак.
Ова, на конференција за медиумите го рече Слободанка Момчилова, советничка од владеачката СДСМ во Штип.
Според Момчилова, општинската власт уште на самиот почеток се зафатила со решавање на акутниот проблем од недостаток на капацитети за згрижување деца во детските градинки.
-Изградивме нова детска градинка токму во населба Сењак, со што реализиравме еден од најважните капитални објекти кои беа ветени во предизборието.
Вложивме над 50.000.000 денари, од кои 70% се од буџетот на Општина Штип.
Денес жителите на населба Сењак имаат нова, современа и убава градинка во која секогаш има соодветна грижа за најмалите. Горди сме на ова најзначајно постигнување на кое граѓаните на Штип чекаа повеќе од триесет години, посочи Момчилова.
Советничката нагласи дека во населбата Сењак 3 оваа оптинска власт поставила активна зона за вежбање, којашто можат да ја користат сите жители на населбата, како најмладите, така и најстарите.
-Во населба Сењак вложивме и вложуваме многу во обнова и реконструкција на дотраената патна инфраструктура. Ги реконструиравме улиците „Петта Партиска“ и „Ѓорги Петров“, а изградивме три нови улици кај објектот „Луна Комерц“, каде изградивме и нови тротоари. Изградивме нов тротоар на улица „Борис Крајгер“, на потегот од спортската сала кон новиот мост, односно на место кое со години е фреквентно и користено од страна на пешаците, кои сега се чувствуваат многу побезбедно додека пешачат по новиот тротоар. Ја уредивме УЕ 36 со поставување водоводна линија, која овозможи водоснапдување на станбен комплекс „Грин Гарден“, информира Момчилова.
Во овој период формирани се нови дрвореди на улиците „Ванчо Китанов“ и „Борис Крајгер“, а извршена е и санитарно-техничка сеча на суви дрвја во Сењак 4.
Во Сењак 2 поставена е нова платформа за контејнери, а обезбедени се и оградување со мрежа на платоа за два контејнери од 5 метри кубни.
-Во основното училиште „Димитар Влахов“ вложивме во:
- Поплочување на ходниците
- Промена на винес плочки со нелизгачки плочки како трајно решение
- Опремување на кабинетите со смарт табли
- Промена на два парни котли во училиштето
- Реконструкција на дел од топловодните канали
- Промена на фен – кулерите во големата спортска сала со што се постигна подобрување во затоплувањето на спортската сала и соблекувалните
- Бојадисување на спортската сала и соблекувалните
- Опремување на кабинетот по биологија
- 8 ЛЦД проектори за кабинетите
- 160 книги – лектирни изданија, 28 книги -стручна литература и 11 книги – слободна литература со кои го збогативме фондот на училишната библиотека
- 10 кароке системи за потребите на наставата по музичко образование
- Поправка на 12 внатрешни врати во училниците
- Стругање и лакирање на паркетниот под во 13 училници
- Обнова и бојадисување на фасадата, прв пат во 38 години, колку што постои училиштето
- Обнова и бојадисување на клупите во училишниот двор, кој жителите на оваа населба го користат и како парк за одмор
- Освоени повеќе награди на државни, регионални и општински натпревари
- Реализација на проектот „Дете правобранител“ во соработка со Коалиција СЕГА, кој се реализира дел во Троген – Швајцарија
- Санирање и бојадисување на оградата на училишниот двор.
Ќе продолжиме и понатаму со суштински важни инвестиции во населба Сењак.
Откако е СДСМ на власт, во населба Сењак се вложува многу, но најважно од сѐ е што се вложува паметно и одговорно.
Со тоа докажуваме дека сме на прав пат, им порача советничката Слoбоданка Момчилова на своите сограѓани.