ШТИП: Судот нема да суди до 24 март, за понатаму ќе се види

Штип, 16.03.2020

Во Основниот суд во Штип нема да им судски процеси до 24 март, а за понатаму дополнително ќе се одлучува.

-Закажаните судски рочишта се откажауваат до 24 март. Тоа е едногласна одлука на судот, се вели во соопштението на најголемиот Основен суд во источниот регион.

-Ќе се постапува само по предметите, кои во смисла на член 72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од застарување на постапката, се вели во соопштението на Основен суд-Штип.

Странките ќе бидат известени за одлагањето на предметите, а ќе има и писмени соопштенија истакнати на видни места на влезот од судската зграда.

-Во просториите на штипскиот Основен суд ќе може да се влегува само со уредна покана и претходна најава, и тоа само ако потребата е итна и оправдана. Контралата и легитимирањето на влезот во судот ќе го вршат припадниците на судската полиција, информираат од судот.

Во ова меѓувреме е извршена дезинфекција на сите ходници и судски простории.

             (И.Б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе