Во штипската болница се „оперира“ само водоводниот систем

Штип, 16.01.2017

Само итни операции кои не трпат никакво одложување се прават во штипската Клиничка болница која е од регионален карактер, а која опслужува над 250.000 граѓани.  Случаите кои од специјалистите не добиваат третман на неодложни остануваат за некое временски поповолно време.

Марина Шуманска, портпарол во болницата ни рече дека проблемот бил предизвикан од испуканата водоводна инсталација што било случај речиси на сите одделенија.

Во ова меѓувреме на речиси сите оддели во Клиничката болница се „оперира“ само воводовниот систем. Мношто испукани цевки од кои последнава недела вода шикаla на сите страни, а персоналот се обидува да ја собере со крпи, џогери и други помагала-тоа е сликата во болницата.

Од болницата уверуваат дека за времето на викендот најголемиот дел од испуканите цевки биле санирани, а се надеваат дека за ден-два сите работи ќе си дојдат на свое место.

(в.ј.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе