12.04.2020
Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, по повод Велигденските празници упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед. Во честитката се вели:
„Денешниот ден е значаен за многу наши сограѓани, но и за многу христијани насекаде во светот. Нека симболиката на денешниот празник го зацврсти победничкиот дух кај сите, особено во овие тешки времиња во кои се соочуваме со сериозни предизвици и искушенија.
Навиките и ритуалите ги менуваме и прилагодуваме за да дадеме соодветен одговор на новата здравствена закана – вирусот COVID-19.
Но, тоа не е пречка за граѓаните верници да го почувствуваат значењето на денешниот празник. Напротив, токму сега се изразува силата на духовната поткрепа и големината на човековата надеж.
Тие се главни водилки во надминувањето и на најголемите искушенија. Во нашата битка ќе истраеме и од неа ќе излеземе посилни, помудри и повредни. Како и секогаш – животот ќе победи.
На сите граѓани кои денес слават Велигден им посакувам празникот да го поминат во духовен мир, хармонија и со верба за подобро утре.
Честит празник и за многу години!,“ стои во честитката од градоначалникот Благој Бочварски.