Штип, 14.04.2020
Бројни фирми и поединци во најголем дел од Штип, но и од Радовиш, Скопје, Куаново и други места донираа неопходен материјал на Клиничката болница Штип која се грижи за здравјето на околу 250 граѓани. Директорото на Клиничка д-р Ален Ѓеорѓијев јавно се заблагодари на донаторите.
-Ја искажуваме нашата благодарност за бројните донатори за потребите на Клиничка болница во борбата со Ковид-19, рече Ѓеорѓијев и јавно ги наброја донаторите.
Тој им се заблагодари на компанијата „Mozart“, за донацијата од 5000 евра, за помошта во скафандери, маски, дезинфициенси, визири кои дојдоа од: Бучим, Актива, Биомедика, ЕАМ, Штиптекс, Ивал трејд, Линеа, Ларс, Вабо, Метро, Монд, Мавис, Еуро Нова Штип, Марјан Јофатекс,MК Милано, Слав Транс, Алекс,Инфонет Штип, Ротари клуб, Минако, Лонгуров, Елена конфекција, Емица Неткова, Нирвана, Зружение на пчелари, Фруктал, Зафир Куманово…
Ѓеоѓијев информира дека во петокот завршила набавката и наскоро Клиничка болница од сопствени средства платени ќе добие:
-30.000 заштитни капи; 50.000 каљачи; 100.000 хируршки маски; 900 хируршки мантили, а во меѓувреме се добиени 1.200 маски N95 и 300 скафандери.
-Уште еднаш благодарност до сите, а битката можеме да ја добиеме само заедно, порача директорот Ѓеорѓијев.
(и.б.)