Д-р САШКО НИКОЛОВ: Функционирам според Хипократовата заклетва, таков ќе бидам и како пратеник

Штип, 30.07.2020

Д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог  од Штип е на третото место на листата за пратеници во третата изборна единица од СДСМ и коалицијата. Тој факт говори дека во д-р Николов,  Штип, регионот и нашата држава го има еден од новите пратеници. Тоа ни беше повод за интервју со еден од најомилените доктори-специјалисти во Штип и регионот,  вработен во штипската Клиничка болница кој на фб има илјадници следбеници.

Д-р Николов што е тоа што Вас ве преферира за народен пратеник? Која е вашата животна и работна референца, кои се Вашите остварувања?

Од денот кога завршив факултет и се вработив, па се до ден денешен, секој ден поминат на работно место и во приватниот живот, го поминувам со максимално посветување на своите задачи и обврски. Доследното исполнување на професионален и на приватен план е единствениот начин со кој ќе имаме функционални институции.  Илјадниците пациенти на кои јас и тимот целосно им бевме и сме им посветени, илјадниците граѓани со кои комуницирам на разни начини, меѓусебната синергија која ја остварувам со нив е она кое кај мене ја зацврсти идејата дека треба да ја прифатам понудаѕа на мојата партија СДСМ да се најдам на листата за пратеници.

Која е Вашата формула за добар пратеник од кој ќе бидат задоволни не само оние кои го дале гласот за Вас туку и другите кои гласот го дале за друг или воопшто не гласале?

Јас функционирам според Хипократовата заклетва. Мојата професија бара од мене, да бидам достапен, во било секоее време и во било која форма (физички, телефон, вибер, фејсбук итн), за моите пациенти, максимално посветен и максимално сконцентриран, за да ги ислушам нивните проблеми и да најдам начин како да им помогнам. Ова е мој начин на професионално функционирање, но и функционирање на приватен план, каде здравјето на моите сограѓани е на прво место.

Многу често и за време на ручек или вечера, додека сите јадат, јас разговарам и решавам проблеми на пациентите, зошто во мојата професија не постои непогоден момент да се ислуша пациент, само постои задоцнета реакција на докторот, која на крај ќе резултира со лош здавствен исход. Кога имате хумана професија, тогаш животот и здравјето на другите е пред вашето, а како иден гласноговорник на народот, интересот и проблемите на граѓаните се мои приоритети.

Граѓаните, во најголема мерка сметаат дека откако ќе ги изберат своите пратеници тие се отуѓуваат од нив, дека повеќе не можат да ги видат, да им кажат некои свои забелешки…Како вие гледате на ова?

За жал, со годинин наназад, тоа се покажало како некаква пракса, со ретки исклучоци, кога некој човек ќе дојде на одредена позиција, заборава од каде дошол. Една од причините поради кои влегувам во политиката е таа што сакам да создадам една нова перцепција за народен пратеник. Тоа подрзабира дека мора да биде јасно и гласно, дека пратеникот е во парламентот заради граѓаните, а не граѓаните во државата заради пратеникот.

РОБ И СЛУГА   Јас сум роб на мојата професија, јас сум слуга на моите пациенти и ако треба уште стопати да се родам, јас повторно би станал интервентен кардиолог, зошто мојата професија ме исплнува до последниот атом. Но, за да можам да уживам во ова општество, сите ние стручни професионалци, изградени и реализирани личности, имаме обврска да допринесеме и во политичкиот систем.

После 14 години поминати во Скопје, во момент кога имав одлична плата и одлична работна позиција, во момент кога имав неколку понуди за работа во Германија, јас го напуштив сето тоа и се вратив во мојот Штип, за да создадам и развијам кардиолошко лекување за сите жители во Источниот регион. Може да излеземе од родниот крај, но ние никогаш несмееме да заборавиме, од каде потекнуваме, од каде доагаме и каде го должиме нашето постоење. Јас можам да ветам дека Д-р Сашко Николов, е и ќе остане човек од и човек за народот.

На листата за пратеници сте на СДСМ, сигурно ќе бидете пратеник согласно местото на листата на кое сте, зошто СДСМ е вашиот избор како политичка партија? Што е тоа што Вас ве привлече кон оваа политичка опција?

 

Јас сум социјалдемократ уште од далечната 1998, кога за првпат се пронајдов во таа идеологија. Во 2003-2004, кога СДСМ дојде на власт, решив дека сакам да станам кардиолог и комплетно се повлеков од сите партиски активности и комплетно се посветив на кардиологијата. Денес како изграден кардиолог и како изградена личност, сум сигурен дека можам и морам да понудам, да помогнам на општеството и на државата во која живеам и државата во која ќе расте и ќе се развива моето дете.

Зошто сметате дека токму СДСМ со коалиционите партии ќе ја составува новата Влада? Што тоа оваа структура направи добро во изминатите три години?

СДСМ на чело со претседателот Зоран Заев, од 2016, води една политика на мултиетничко општество, каде се овозможува на сите етникуми да живеат и функционираат сплотено во едно општество и истото да го гледаат како свое. Заев води една политика каде е загарантирано демократското право на пофалба но и на остра критика, без последици; води една политика, каде од земја која беше исфрлена од евроатлантскиот пат, ја внесе во НАТО, каде станавме рамноправна членка, а од друга страна, да не беше пандемијата, ќе ги започневме и пристапните преговори со ЕУ, kаде според последните препораки кои ги добивме од сите земји членки на ЕУ, Р.Северна Македонија ги исполнува скоро сите услови кои беа барани од нас; oд еден инструиран правен систем, каде политичарите го имаа последниот збор, сега политичарите од владата на поранешниот и иден премиер Зоран Заев, не се мешаат во ниедна судска одлука, каде имаме и неколку ситуации каде функционери кои не го почитуваат  законот , беа правно санкционирани, што мене ми дава една топла надеж, дека овој човек се бори и се грижи за доброто на сите македонски граѓани. Со економските мерки кои беа донесени за време на пандемијата, мерки кои беа одлично промислени, со цел да се покријат сите ранливи категории, се покажа дека и на економски план, ќе имаме огромен напредок во наредниот мандат од 4 години.

Како познат, признат, квалитетен доктор специјалист како Вие можете да и помогнете на државата од позиција на новата – пратеничка функција?

Мојата позиција како одговорен кардиолог за цел источен регион, кој во изминативе 6 години, успеав да го изменаџирам и организирам лекувањето, третирањето и превенирањето на сите пациенти; оваа организација бара организирање и едукација на стручни ресурси, доктори, сестри, а од друга страна да ги организирате и структурно споите сите здравствени Домови, Општи Болници и приватни ординации, во една целина, во која секој еден пациент е дијагностициран навремено и упатен во КБ Штип на интервенција; бара организациони способности, бара менаџерски способости, бара човечки способности (да се почитува и сака другиот). Со целото искуство како доктор, јас се срекавам и со социо-општествените проблеми на сите граѓани од Источниот регион, каде кога доаѓаат на преглед, како информации ги добивам и маките во секојденвниот живот и како таков се трудам да им помогнам. Така да токму на истиот начин како што работам сега , ќе продолжам да работам и како пратеник и ќе продолжам да им стојам на услуга на сите македонски граѓани.

Како специјалист од Штип и од нашата Клчиничка болница, ќе имате ли можноста и кога ќе станете пратеник за посвета на своите пациенти?

Според оние закони и правилници, кои ги прочитав, пред да донесам одлука и да прифатам да бидам кандидат за пратеник, мојата нова функција ми дозволува да се посветувам по два дена на моите пациенти. Јас сум роб на мојата професија, јас сум слуга на моите пациенти и ако треба уште сто пати да се родам, јас повторно би станал интервентен кардиолог, зошто мојата професија ме исплнува до последниот атом. Но, за да можам да уживам во ова општество, сите ние стручни професионалци, изградени и реализирани личности, имаме обврска да допринесеме во политичкиот систем. Зошто ако нема доктори во политиката, тогаш како ќе се носат закони и уредби во здравството, како ќе се подобрува здравствениот систем, како се зголеми квалитетот на лекување на пациентите, како ќе се подобрат условите за работа на сите здравствени работници. Така да за мене најоптимално е во политиката секогаш да бидат присутни реализирани професионалци, работници, пензионери итн, зошто е потребно соодветно мислење и предлог од секој сегмент во едно општество.

Правна држава и слободни медиуми, тоа се двете главни теми на кои инсистира Брисел кога е во прашање Македонија…колку како пратеничка групација која, ако ја има власта, можете позитивно да делувате на тоа?

Ако погледнете наназад, од 2016 до денес, ќе видите слобода на говор на сите новинари и медиуми, сите функционери одговараат на прашања од сите новинари, па дури на оние невкусни и непрофесионални прашања, гостуваат во сите медиуми; во тој поглед сме на одличен пат да добиеме позитивна препорака од европската комисија. Во однос на правна држава, тоа не е и не смее да биде процес кој ќе го води еден политичар и тоа е процес кој мора да еволуира исто како што 11 години дегредираше поради влијанието од тогашните политичари. Мислам дека и во тој поглед сме на одличен пат, но сепак треба време за да докажеме дека имаме интелектуален капацитет, со општествената одговорност,  да се издигнеме над личниот интерес, зошто овде е многу битен човечкиот фактор.

Како гледате на развојот на здравството во време на овие 3,5 години владеење на СДСМ кој ве кандидира за пратеник?

Јас дојдов од приватно во државно здравство во 2014 година. Во тој период се судрив со немање доволно матерјали, немање можност за соодветно кадровско екипирање, неможност за напредување и релативно лош однос према сите здравствени работници и ниските плати. Од 2016 па до денес, се нормализираше односот и се врати респектот и достоинството на здравствените работници. Секоја здравствена установа има доволно финансиски и матерјални ресурси, за непречено функционирање. Секој проблем со апаратурата се решава во најбрзо време и истиот се става веднаш во функција. Платите на здравствените работници е значително покачени и достоинствени за работата што ја извршуваат. Во време на една светска пандемија, Министерството за здравство , си ја заврши својата работа на највисоко ниво, но  имавме технички проблеми од комплементарни министерства, кои фрлија дамка на целиот труд на сите здравствени работници.

Зашто кога има воена состојба, тогаш главната улога ја имаат полицајците и војниците, но без подршката од здравствените работници, кои од позадина ги помагаат и лекуваат полицајците и војниците, нема да можат да се изборат и да победат. Истото се случи сега само верте верса, каде за првпат здравствените работници беа во главна улога, а оние кои требаше да дадат логистика за применување на мерките, Министерството за внатрешни работи, тргна во некаква популистичка кампања по цена на здравјето на македонските граѓани.

Заклучок, овие 3.5 години, минстерот Д-р Венко Филипче, даде одличен правец и насока на здравството во Р.Северна Македонија и со забрзан темпо го подигна квалитетот и услугата за македонските граѓани. Но овде не застануваме, имаме уште многу работа, за да го донесеме здравството на ниво на сите европски држави.

Дали својата иднина ја гледате во политиката, или по еден-два мандати како пратеник ќе и се вратите на професијата?

Како што кажав, мојата љубов и мојата опсесија е кардиологијата. Сега влегувам во едни води каде сакам да дадам максимален допринос за општеството, здравството и пред се се да пробам да создадам нова перцепција за народен пратеник. Да завршат овие избори на 15 јули, кои ќе бидат најтешките парламентарни избори во историјата, па да се формира влада предводена од СДСМ,  да влеземе во парламентот како владеачко мнозинство и да изработиме максимално, професионално и народно кажано машки, па ќе видиме понатаму во кој правец ќе продолжи мојот живот. Дефинитивно две работи се зациментирани во мојата глава, а тоа се дека останувам да живеам и функционирам во мојот Штип и останувам посветен на мојата кардиологија во Штип, политиката ќе биде само причина и алатка, со која ќе успеам да ги исполнам моите визии за градот, регионот и за целата држава.

Зошто моето мото е граѓанинот пред се !!!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе