На Славеј Планина и во селото Годивје, достојно одбележан јубилејот- 77 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“
Охрид 18. август 2020
– На платото, пред спомен обележјето на Славеј Планина, денеска, достојно, но за жал само на локално и регионално ниво, е одбележан големиот јубилеј – 77 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев”, што се слави и како ден на АРМ.
Таму беа организаторите – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи, за општините Охрид и Дебрца, односно општина Дебрца, како иа и делегација од гарнизонот на АРМ во Кичево..
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески и предводниците на делегациите, положија свежо цвеќе пред споменикот, додека пригодно обраќање за значењето на настанот, одржа претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.
Заради здравствената состојба со пандемијата, одбележувањето ќе се одвива по протоколот што го препорачува Владата со ограничен број на присуство.
Истовремено, во подкараорманското село Годивје, чии мештани во тоа време беа логистичка база за партизанските единици – во снабдувањето со храна и облека, се одржа мал собир, во организација на Ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца.
На собирот, за борбениот пат на батаљонот, говореше полковникот во пензија Добре Вељаноски.
Делегацвии на Организацијата на ветераните и на мештаните од Годивје, положија свежо цвеќе на споменикот и спомен плочата која потсетува на имињата на жртвите од селото.
Баталјонот „Мирче Ацев“ е формиран на 18-ти август 1943 година и преставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите.
-По одржувањето на преспанскиот состанок на кој беше анализирана состојбата, донесен е заклучок дека се создадени услови за создавањена регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона, на 18-ти август 1943 година, на Славеј планина се формира Првиот баталјон „Мирче Ацев“, прва регуларна воена единица на македонскиот народ- рече, мегу другото,полковник Вељаноски.
Веле Митаноски