Мандатарот Заев во посета на рудникот Саса

М.Каменица, 28.08.2020

По повод 28. Август – Денот на рударите, во посета на најголемиот рудник во земјата – САСА престојуваа мандатарот Зоран Заев и неколку идни министри во новата влада.

Инаку, рудникот САСА и оваа година обезбеди парични награди и подароци за сите вработени во компанијата, а 127 вработени добија и дополнителни парични награди и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови. Во чест на годинешното одбележување на Денот на рударите, Рудник САСА донираше и финансиски средства за набавка и инсталација на нови трибини за спортската сала во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

s02

s03 s01

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе