ШТИП: Распишан тендер за браната на Отиња

Штип, 29.09.2020

Министерството за транспорт и врски распиша јавен тендер за избор за најповолен понудувач за изградба на браната на реката Отиња. Овој чин на кој штипјани чекаат половина век денес заеднички го најавија Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Јане Миланов, за,емик градоначалник на Штип.

-Понудувачот кој ќе биде избран на јавен тендер ќе има обврска браната да ја изгради во рок не подолг од 30 месеци од воведувањето во работа. Пред неполни три години кога ја презедов градоначалничката функција на Штип не затекнав никаков документ за браната, немаше ништо, а најмалку готов проект. Влегов со огромен ентузијазам за реализација на овој капитален проект. Многу луѓе ме одвраќаа од намерата, не веруваа  дека е возможно, ме предупредуваа на внимателен пристап затоа што многу децении ова останало само ветување. Но знаев дека ако работиме посветено резултатите ќе дојдат“ изјави министерот Бочварски.

Бочварски дополни дека проценетата инвестициона вредност за изградба на браната која ќе е со висина од 34 метри изнесува 460 милиони денари или 7,5 милиони евра.  Средствата се обезбедени од државниот буџет.

Браната на Отиња ќе служи за заштита од поплави, да биолошки миниум во речното корито кое сега е суво преку цело лето, за спортски риболов, за рекрееација, за спортови на вода. Покрај браната ќе никнат и угостителски објекти, викендички….

-Ова е еден посебен ден за Штип и штипјани. Затоа што започнува реализацијат на најважниот и најпосакуван објект за сите нас. Ние денес всушност сме сведоци на тоа како еден сон преминува во јаве. Тешко е да се каже нешто за оваа брана што веќе не е кажано. Но денес јавноста е сведок дека преминуваме од зборови на дела, порача заменик градоначалникот Миланов.

Тој потенцира дека биле потребни тони хартија за да се изработи проект, да се обезбедат и добијат сите потребни дозволи, документи, проценки, за конечно да се направи овој значаен чекор, распишување на јавна набавка за избор на најповолен изведувач на овој капитален објект.

На пресот беше речено дека во овој процес заслуга имаат и повеќе луѓе и институции меѓу кои, поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Трајан Димковски, поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, а пред се премиерот Зоран Заев кој секогаш има слух за потребите на граѓаните и кој на штипјани им ја вети браната во предизборието..

Миланов и Бочварски им се заблагодарија и на професорите од Градежен факултет, експертите од ГИМ и ИЗИИС, на вработените во Општина Штип, министерството за транспорт и врски, ЈП „Стипион 2011“ како и сите останати кои даадоа свој печат за да се стигне до оваа фаза од реализацијата на штипскиот сон.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе