КОЧАНИ. Општината отуѓува осум парцели за фотоволтаици

Кочани, 20.10.2020

Општина Кочани распиша објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели со намена комунална супраструктура, односно за градби за производтсво на енерегија – фотоволтаични централи со капацитет до еден мегават.
Парцелите се наоѓаат во Катастарската општина Тркање и се со површини од 18.835 до 24.130 м2.
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за фотоволтаици е до 24 ноември 2020 година, а јавното наддавање ќе се одржи на  26 ноември.
Почетната цена за сите градежни парцели е 200 денари за метар квадратен.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, http://www.kocani.gov.mk

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе