„Бизнис лидер“ ги награди најуспешните македонски компании за 2023 година, големото признание и за Адиент Сеатинг
Скопје, 17.10.2024
На церемонијата од првото издание на признанијата под наслов „Бизнис лидер“ кои се доделуваат врз основа на строго определени критериуми, синоќа во Скопје беа доделени наградите на лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки. награди се доделени за исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонес за економскиот раст и развој на Македонија.
Меѓу наградените е и Адиент Сеатинг, компанија која во фабриката во Штип има 1.400 вработени. Таа доби признание во категоријата на текстил. Признанието го прими Роберта Василева, менаџер за човечки ресурси. Инаку, токму Адиент Сеатинг го доби признанието за најдоброто во стопанството за 2023 годин кое годинава им го додели регионалниот актив на новинари „Исток“.
„Оваа вечер не е само кулминација на нашата работа во последните година дена, туку е првиот чекор кон почнување на еден проект кој ќе ги обедини бизнисите во Македонија, кој ќе почне партнерски да делува со сите чинители кои се борат за подобра иднина на македонската деловна заедница“, изјави на отворањето Владимир Ристевски, извршен директор на Евентика ДОО Скопје. Притоа Ристевски напомна дека реализацијата на овој настан е само почеток на проектот кој ќе помогне во развојот и зајакнувањето на македонската деловна клима.
На церемонијата се обрати и Огнен Огненоски, извршен директор на компанијата Таргет Груп ДОО Скопје и основач на платформата „Бизнис Мрежа“, кои како аналитички партнери на проектот „Бизнис Лидер“ ги подготвија сите анализи и критериуми врз основа на кои се наградени најуспешните компании во земјава.
„Изборот на најуспешните бизнис лидери од Македонија не беше лесен, но имаше една заедничка нишка — страст, посветеност и желба за напредок. Вашата работа не само што ја подобрува економијата, туку и ја инспирира новата генерација да сонува за големи работи“, истакна Огненоски.
„Изборот на најуспешните бизнис лидери од Македонија не беше лесен, но имаше една заедничка нишка – страст, посветеност и желба за напредок. Вашата работа не само што ја подобрува економијата, туку и ја инспирира новата генерација да сонува за големи работи“, истакна Огнен Огненоски, извршен директор на компанијата Таргет Груп ДОО Скопје и основач на платформата „Бизнис Мрежа“
Овогодинешните добитници на наградата „Бизнис Лидер“ се: Алкалоид АД Скопје во категоријата „Производство на фармацевтски производи и препарати“, Д-р Пановски АД Скопје и Зегин ДОО Скопје во категоријата „Трговија на големо со фармацевтски производи“, Зегин Фарм и Моја аптека во категоријата „Аптеки“, Млекара АД Битола во категоријата „Производство на млечни производи“, Пивара АД Скопје во категоријата „Производство на пијалаци“, Кам маркет и Веропулос во категоријата „Маркети“, Порше Македонија во категоријата „Трговија на големо со моторни возила“, Макпетрол во категоријата „Трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници“, Фершпед АД Скопје во категоријата „Придружни дејности во превозот“, Дени интернационал во категоријата „Товарен патен транспорт“, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Експанда во категоријата „Трговија на големо со производи од тутун“, Макстил во категоријата „Производство на метали“, Аксапта Мастерс во категоријата „Компјутерско програмирање“, Атлантиц Гранд и Фриготерм Трејд во категоријата „Трговија на големо со кафе, чај и зачини“, Алма-М и Атлантик Трејд во категоријата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер“, ДХЛ експрес Македонија и Еко Логистик во категоријата „Поштенски и курирски услуги“, Комфи ангел и Адиент сеатинг во категоријата „Производство на текстил“.
Награди „Бизнис лидер“ добија и најбрзо растечките компании Мој Дилер и Леаком Марисон во категоријата „Компании – газели“, како и стартапите Бокси и Ховитцер во категоријата „Стартап на годината“, додека добитник на наградата „Бизнис лидер – жена“ е г-ѓата Марија Дуковска Павловска – генерален директор на компанијата Макстил АД Скопје.
Елитата на македонската бизнис заедница имаше ексклузивна можност да го проследи инспиративниот говор на најпродаваниот автор на бизнис книги и главен извршен директор на IBEM Group, светски познатиот Geoff Hudson Searle, кој во своето излагање ги сподели своите искуства во менаџирање на меѓународни бизниси од различни индустрии, перспективи за подобрување на бизнисот и постигнување подобри резултати.