Бранко и народот “се во право и кога грешат” !?
Поранешниот лидер на СДСМ, и носител на највисоките функции во државата, преку СДСМ, Бранко Црвенкоски, очекувано, ги подналути сопартијците (децата кои ги создаде), со неговиот громогласен вординг, после подолг молк, и оценките, дека, “се нереални и преоптимистички очекувањата оти земјата може да стане членка на ЕУ во наредните 5 до 7 години”.
Освен една страмежлива реакција од страна на сегашниот лидер и премиер Ковачески, никој од СДСМ не се осмели да му контрира на ШеВот (!), а и кој и би бил тој јунак, освен, ако не очекувавте тоа да биде ген-секот Вардарски!?
Нејсе, изјавата на Црвенкоски дојде во незгоден момент, во време на бројни афери поврзани, пред се, со главниот коалициски парнтер на СДСМ, ДУИ за кои, дури ни познатиот мајтапчија Ковачески, овој пат, не знаеше како да исплива потурнат во матниот Вардар.
Како и да е, Црвенкоски, од неговата сегашна лагодна позиција, може, а за воља на вистината, и реално, ги согледува состојбите и, врз основа на долгогодишното политичко искуство, извлекува заклучоци кои кореспондираат со актуелниот момент на балкански, европски и поширок план.
Објективен е неговиот пристап дека Бугарија, кога сме ние во прашање, не е единствениот проблем. И не би постоел проблемот Бугарија, кога и самата ЕУ, како бирократска институција, сама по себе, не би била проблем. Не само со начинот на одлучување, туку и со реалното постапување на членките.
Бугарија е исклучива кон нас, Унгарија кога се во прашање Србија и Русија. Франција и Германика, како носечки земји, немаат ист поглед за формите на приближувањето. Дополнително, Републиката на Макрон е во пламен, те сиромашкиот не знае каде е му е главата, а каде опашката. Мајтапчиите, му предлагаат некаков “Македонски план”, како да ги внесе во Уставот – Алжирците, Мароканците…
Црвенкоски, бидејќи е подалеку од жешкиот “лимен покрив” на кој се пече Ковачевски, може да си земе слобода да биде подиректен, иако на тој начин расзмислуваат и други членови на високи позиции од СДСМ, но им се полагодни заветрината и опортуното однесување.
Дополнително, Црвенкоски многу добро знае колку и ние самите, внатре, сме пречка со неисполнетите реформи, особено во правосудството, со корупцијата која е ендемска, со неодговорноста и неказнивоста.
Го знаат тоа и во СДСМ од каде, со содржината – сосема во право, а со формата и тајмингот – сомнително, се обидоа да го пренасочат фокусот на вниманмието на јавноста од актуелните афери, извлекувајќи на површина стари, од времето на претходната влада на Никола Груевски.
Црвенкоски, ако се загребе подлабоко, во однос на ЕУ перспективите и пречки и не кажа ништо особено ново и не станува збор за некоја негова нова, посебна иницијатива, Тој прави само сублимат на она што и досега сме го слушале. Како што вели самиот: “меѓу чекор, или преодна фаза која би го олеснила остварувањето на крајната цел“’.
Што се однесува до формите кои ги предлага, тој е реалист, со право инсистира на регионален пристап и за притисок за приближување преку регионални иницијативи. Тој е политичар, сега веќе од средна генерација, иако млад стана премиер.
Во времето на комунизмот, кое и тој го затекна, ние постарите, тоа го дефиниравме како “лесно ветена брзина”, а тој, сега, вели, “лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. За да заклучи: ‘Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања“.
Тоа што поранешниот шеф на државата дури сега се појавува во јавноста со вакви предлози, кога земјава веќе ги почна преговорите со ЕУ, предизвика одредени реакции, но надвор од СДСМ?
Мегутоа, малкумина на неговиот кам-бек, гледаат како на нешто наменско, ниту гледаат порака што би сакал да им упати на своите од СДСМ, како што се истрчаа еден искусен, самобендисан, од постарата генереација новинари, легендарниот Тричко кој беше се самоубедил СДСМ да го брани од самиот себе. Чудно е што досега никој од СДСМ не го замолил: аман, брате не брани ме повеќе.
Црвенкоски и лани, во исто време, и на исто место, го кажа истото. Самиот вели, “можев да го прочитам ланскиот текст”. Тука, има порака: ништо не сте промениле на подобро!
Овде станува збор за разочараност, затоа што помина многу време, а токму во негово време, кога беше премиер, земјата аплицираше пред Ирското претседателство. Самиот бев дел од делегацијата во Даблин, но, како што знаете, не ја поднесовме, се вративме назад, тој ден, утрото, се случи авионската несреќа со погибијата на претседателот Трајковски.
Баксузлии сме кога е во прашање таа пуста, недостижна Европа, на која и дадовме толку многу, те и образование и просвета на некочлку века пред Болоња!
Црвенковски предлага две варијанти: првата да се искористи веќе постојната Европска економска област, со што им се овозможува на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар на ЕУ и иако не се членки на Унијата. Втора можна варијанта е доколку ЕУ потпише нов посебен договор со сите земји од Западен Балкан со кој истовремено би се овозможило учество на заедничкиот европски пазар и можност за користење на европските фондови.
Предлог- иницијатива на Црвенкоски е компитабилна и со проектот „Отворен Балкан“. Не се судира, затоа што сите иницијативи како заеднички сублимат го имаат економското закрепнување, преклу соработка.
Се судира за жал со реалноста, на пример деновиве, кога повторно сме сведоци за затворање на граници за проток на стока, луге и идеи.
Реален е тој пристап во услови на статус-кво ситуација. Секое помрднување е успех. Во право е кога укажува на потребата од иницијативност на кандидатите, преку регионален пристап.
Но, Дали е реално за земјите од регионот да прифатат и да усогласат вакво нешто за да настапат заеднички?
-За жал тука немаме многу простор за радување. Тука има два проблеми. Прво, самата ЕУ треба да се преструктуира, за што и треба време. Тој паралелен процес на наше преструктуирање, со исчекување на нивното, создава фрустрации, недоверба, скептицизам, на што укажува и Црвенковски.
Дополнително, трновит е и патпот на наше усогласување како земји соседи. произлезени од југословенската федерација, за заеднички настап. Има тука лошо наследство, нова сол се дотура на старите рани. Како ќе ги усогласите Србија и Косово, Србија и босанската Федерација, донекаде Србија и Црна Гора. Заслуга за тоа имаат и самата ЕУ и Западот, со експериментите кои ги правеа тука, на наша кожа.
Веле Митаноски