ЦУК: На територија на Македонија моментално има пет активни пожари во Желино, Нивичино, Македонски Брод и во Прилеп

Според новите податоци и информации од Центарот за Управување со Кризи (ЦУК) на територијата на Македонија моментално активни се пет пожари на отворен простор заклучно со осум часот изутрина. Ова доаѓа од вкупно 29 пожари во изминатото деноноќие. Два пожари се од контрола, а 22 се изгаснати, информира од ЦУК.

Според ЦУК, повторно е активен пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација.

Активни пожарите во општина Василево, во с. Нивичино, со зафатена нискостеблеста шума, во Македонски Брод, во с. Грешница, мешана шума и ниска вегетација, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, како и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, со зафатена мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Македонски Брод, с.Слатина, каде горат смрека, сува трева и друга ниска вегетација и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, мешана нискостеблеста деградирана шума.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press