ЦУК: На територијата на целата земја сè уште има седум активни пожари

Според последните информации од Центарот за Управување со Кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа во земјава имало 33 пожари на отворено, од нив седум се уште се активни, а уште седум се под контрола.

Активни пожари има во Општините Василево, Радовиш и Берово каде на Малешевските планини гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај селото Бешиште, Македонски Брод, Штип, Кочани, Карбинци и Зелениково.

Под контрола се пожарите во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, во Општина Македонски Брод кај селата Локвица и Крапа, Грешница и Латово, како и во Ресен кај селото Долно Перово и Желино.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press