Денот на АРМ пригодно одбележан во Охрид, Скопје и општина Дебрца

Денот на АРМ, 18 авгиуст, свечено е одбележан во Скопје, каде претседателот на РСМ Стево Пендароски, на старешини и војници, им додели нововостановен Орден за учество во мировни мисии и спасувачки експедиции, но и во Охрид и општина Дебрца.
Претставници на АРМ, на општина Дебрца, на Боречката организација и Организацијата нја ветераните од одбраната и заштитата, се искачија на Славеј Планина, до Спомен побелеѓјето, каде, на денешен ден во 1943 година, пред точно 80 години, е формиран батаљонот ” Мирче Ацев ” како прва покрупна регуларна воена единица на НОВ и ПОМ.
Присутните положија свежо цвеќе пред споменикот, додека со пригоден говор се обрати претседателот на ОО на СБ од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.
Прв командант на батаљонот беше народниот херој Наум Веслиовски – Овчарот а до него беа околу 250 борци од составот на партизанските одреди: Битолско- Препанскиот ” Даме Груев”,Крушевскиот “Питу Гули”, Прилепскиот учество во мировни мисии и спасувачки експедиции, но и во Охрид и Дебрца,новодојдените борци и доброволци од овој крај и пошироко.
Синоќа, во просториите на касарната, се одржа трибина по повод Денот на АРМ и Денот на првата едимница на АРМ, во организација на Младински Центар – Охрид и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста за Охрид ми Дебрца.
Пред тоа присутните ја разгледаа Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада која се наоѓа на приземјето во касарнатата.
На трибината говореа, генерал Филип Котелиза формирањето на АРМ, полковник . Павле Момировски, за формирањето на Шестата пешадиска бригада од Охрид, поручнкот на АРМ Наумче Милошески говореше за обезбедувањето на државната граница, од моментот на преземањето на караулата и формирањето на граничните единици, полковник Кемо Ѓозо за интегрирањето на припадниците на ЈНА во АРМ, додека полковник Добре Вељаноски, се псврна на чинмот на формирањето на првата единица во касарната “Михајло Апостолски” во Охрид, практично, првата единица на АРМ по осамостојувањето на земјата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе