Кочани, 08.02.2018
Денес во Домот на култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата на слики на која беа претставени 30 сликарски дела на наши помалку или повеќе познати поети. Изложбата беше во чест на 5о годишното постоење на овој храм на културата во Градот на оризот.
Кочанчани покажаа одлчичен интерес за овој несекојдневен момент од сферата на културата кој беше во организација на Домот на културата. На отворањето имаше присутни од сите генераци, постара, средна, помлада…
На оваа изложба застапени се делата на Трајче Кацаров, Јордан Ѓорчев, Христо Петрески, Љубомир Донски, Нада Накова и Велко Неделковски. Изложбата ја отвори Александра Димитрова, директорка на „Бели мугри“, а омаж за сликарството на секој од спомнатите поети имаше Трајче Кацаров.
Изложбата која е во фоајето на спомнатата културна иснтитуција ќе биде отворена во наредните десеттина дена.