Koј треба да го среди овој сообраќаен ужас?

Штип, 07.03.2017

*Пред четириесеттина години познатиот шоумен Милован Илиќ-Минимакс рече дека патото Овче Поле – Штип требало да добие им „8 март’. На прашањето зошто, тој рече – па се дупка до дупка брате. А да го види сега, не знам што би рекол….

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Неверојатно ужасен е патниот правец Штип-Овче Поле. Се работи за стариот пат по кој сеуште се вози додека се гради автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип.

Изградбата на овој автопат ќе потрае, до крајот на годинава сигурно, а можно е и во текот на целата следна година. До тогаш илјадници возила секој ден ќе возат по ужасно лош пат во должина од најмалку десет километри.

Патот е како да возите по месечината. Дупка до дупка. И не било каква дупка туку дупка-кратер. 01

„Ова е недозволено. Ваков пат не смее да биде отворен за сообраќај. Овде колите се кршат како да се од картон. Плаќаме едни од најскапите регистрации во Европа а возиме по неверојатно лош пат преполн дупки кои на места личат на кратери. Едно време беше отворен дел од новиот автопат па 5-6 километри наместо по асвалт полн дупки се возеше по убава делница. Денес таа делница пак е затворена со што најмалку десет километри се вози по нешто што го нема ни воп Тунгузија“, ни рекоа возачите на тешки камиони Славчо и Бранко, првиот од Кочани, вториот од Штип.

Прашање е зошто, кога се знае дека новиот автопат нема да го биде уште најмалку 12 месеци, а како тече неговата градба најверојатно и подолго, не се „излакира“ со тенок асфалт за да заличи на нешто, но најмногу да не се кршат толку многу возила.

Да ја говореше Илија Димовски вистината пред парламентарните избори, наместо да ни продаваше магла, денес требаше да се возиме по  новиот автопат. Но, факт е дека на таа убавина истокот ќе почека уште доста време. И токму поради тоа сознание овој патен правец мора ден побргу да биде излакиран со тенок асфалт кој ќе издржи барем една година.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе