Кочани ќе го доведува во ред Споменикот на слободата

Кочани, 20.06.2023

Споменикот на слободата кој нешто од забот на времето, а повеќе од раката на неодговорни граѓани е во прилично руинирана состојба, наското ќе доживее комплетна санација преку конзервација и реставрација дека ја.

Од Општина Кочани информираат дека е објавена јавната набавка за конзервација, реставрација и санација, како и за архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство.

Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор за санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер, санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење на бетонските ѕидни платна како и заштита од атмосферските влијанија. Со јавната набавка за овие активности се планирани 8.252.810 денари.

Вкупниот износ на грантот од Амбасадата на САД е 254.300 американски долари.

Покрај овие, проектот опфаќа и конзерваторско-реставраторски работи на мозаичките фризови на заштитеното недвижно добро Споменик на слободата, за кои ќе има одделна јавна набавка.

Вкупниот износ на грантот од Амбасадата на САД е 254.300 американски долари.

Целта на проектот е да се подобри севкупна физичка состојба на Споменикот на слободата и да се вратат неговите суштински вредности и уметнички израз. Токму на оваа локација се одржувани многу културни манифестации, па и од овој аспект Споменикот на слободата е важно место за граѓаните на Градот на оризот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе