KОЧАНИ: Утре промоција на делото „Мантов мечтаеше за фудбалот“, во чест на Никола Мантов кој почина на фудбалскиот терен во 1973 година

Кочани, 05.09.2024

Утре, петок, 6 септември, во 19 часот, во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде промовирано делото „Мантов мечтаеше за фудбалот“ од авторите Ацо Стојановски и Љубинка Ајтовска.

Никола Мантов

Книгата е посветена на Никола Мантов, фудбалер на „Осогово“, кој на 1 јули 1973 година почина на фудбалскиот терен во Кочани, на натпреварот меѓу ФК „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“ – Скопје.

Општина Кочани, во чест на оваа исклучителна човечка и спортска личност, на Градскиот стадион му го даде неговото име.

Делото содржи десет тематски целини посветени на Мантов, но и податоци и фотографии од последниот натпревар на „Осогово“ со „Пелистер“, одигран пролетва на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, натпревар со кој се одбележа еден век фудбал во Кочани.

Рецензент на делото е Валентин Бобришев, спортски работник и тренер на „Осогово“ од времето на Мантов.

Модератор на промоцијата ќе биде Магдалена Кочовска-Салтирова.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе