М.Каменица, 08.05.2021
Македонска Каменица во историјата на спортот за жени се прослави со женската фудбалска екипа но од денес славата на рударскиот град на спортски план ја надоградуваат и кошаркарките на Баскет КАМ кои го освоија купот на Македонија.
Во финалето на купот Баскет КАМ славеше против Бадел 1862 од Скопје со 81-64. Кошаркарките од Македонска Каменица убедливо победија благодарение на одличната игра на целиот тим во кој сепак најдобри беа Митрашиновиќ, Кметовска, Гобељик и Брајковиќ.
Ова е прва титула на Баскет КАМ а пехарот кој стои во витрините на клубот кој е финансиски помогнат и од рудник САСА ќе говори за неверојатниот успех на женскиот спорт во еден „машки“ град за какви се сметаат рударските места.