Нови директори во штипскиот затвор и во Центарот за култура „Ацо Шопов“

Штип, 25.07.2024

Со одлука на Владата, на последната седница се донесени повеќе кадровски решенија со смена на актуелни раководители во определени инстритуции и поставување на в.д.директори во повеќе институции. Што се однесува до нашиот Источен регион нови кадровски решенија има во КПУ Затвор Штип и  во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип и тоа:

Дејанчо Здравков на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип. Здравков е дипломиран дефектолог, работи во Центарот за социјални работи и е актуелен советник во Советот на Општина Штип од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Ѓорги Хубрев на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип. Хубрев е член на партијата Знам.

Кристина Атанасова Арсова, дипломирана актерка е именувана за в.д.директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Инаку, Кристина е актуелен советник во Советот на Општина Кочани од редовите на ВМРО ДПМНЕ и е заменик градоначалник на оваа општина.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе