Од утре нов топлотен бран, температурите околу 40 степени

Сончево и топло време со температури до 40 степени Целзиусови не очекува утре и во следните неколку денови. По краткотрајното заладување, Управата за хидрометеоролошки работи најавува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Утре во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, дневните температури ќе се искачат до 38, а утринските до 20 степени. За време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачат до 39 степени.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press