Петтата авантура на Индија Џонс, филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ со кој в сабота ќе се отвори Кионоверзум во Штип на стартот заработи огромни 130 милиони долари

Штип, 04.07.2023

Во Штип в сабота, на 8 oвој месец ,се отвора Киноверзум, а стартот на новото поглавје во филмскиот живот на градот не може да почне подобро од најавениот. Имено, точно на пладне љубителите на филмот во Киноверзум ќе можат да го видат филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“. Денес од САД стигна информацијата дека овој филм како петта авантура на легендарниот Индијана Џонс, на самиот старт заработил 130 милиони долари што било над сите очекувања.

Тоа секако говори дека Кинопверзум и во Штип, како и во Свети Николе и Велеас, ги носи најновите и најпосакувани филмови на денешницата. Штипјани ќе бидат привелигирани да бидат меѓу првите на светот кои ќе го гледаат петтото остварување за прочуениот археолог Индијана Џонс.

-Петтата авантура на Индијана Џонс започна финансиски над сите очекувања, гласат информациите од САД. Филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ заработи, именона самиот почеток на прикажувањето заработи 130 милиони долари. Од оваа сума, 60 милиони долари се собрани во кината низ Северна Америка, а 70 милиони во остатокот од светот. Во САД, податоците ќе бидат ревидирани за да се приспособат на петдневниот празник Денот на благодарноста (4 јули), забележуваат експертите. Буџетот за најновата приказна за познатиот археолог беше 295 милиони долари, без маркетинг.

Во овој филм главните улоги им се доверени на Харисон Форд, Фиби Волер-Бриџ, Мадс Микелсен и Антонио Бандерас. Режисер е Џејмс Манголд, а заплетот е сместен во 1969 година, во позадината на вселенската трка меѓу Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз.

Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат го глуми Харисон Форд, беше премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, кој исто така, му оддаде почит на Форд за неговата кариера . За тој филмски лик светот првпат дозна 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе