Жителите на овчеполското село Милино со блокади си го бранат правото на квалитетен пат до селото

Штип, 03.07.2023

Големи и тешки шлепери натоварени со жито и земјоделски машини го уништуваат и онака кревкиот локален пат на жителите од овчеполското село Милино, а стравот дека ќе останат без едниствената сообраќајница кој ги врзува со „остатокот на светот“ ги натера жителите на бунт и блокада.

Селаните поставија барикади на два пункта, едниот кон Лозово, а другиот кон село Каратманово.

Револтираните жители на Милино изјавуваат дека тешките шлепери им го уништуваат патот бидејќи наполнети тежат и до 60 тони.

„По селскиот пат е дозолен транспорт на возила со максимална тежина до 7 тони, а по овој пат се движат шлепери тешкиосум пати повеќе од дозволената тежина“, коментираат селаните.

Протестантите се решени да не отстапат ниту за педа од своите барања Тие бараат да се изгради алтернативен пат за тешките моторни возила, и да се реконструира постојниот по кои тие се движат. Затоа, блокадите ќе останат се додека не добијат конкретно ветување.ветувања од највисоките власти.

“Ние ќе останеме овде 25/7. Не се мрдаме од патот се додека не дојде некој од општината или од државата и ни вети дека ќе ја санира направената штета . Да ни дадат написмено, ние одма ќе се тргнеме“ вели  Мирослав Стојановски

Во изјава за медиумите Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозова од која дел е и селото Милино порача дека патот за селото е реконструиран пред две години. Тој најави вештачење за спорната делница, за да се утврди како пат стар реко нструиран пред само две години е целосно уништен и на него има не дупки туку кратери.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе