Пожар зафати две куќи во центарот на Кочани

Две куќи се зафатени во пожар кој попладнево избувнал во центарот на Кочани, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот се случи на улицата „Браќа Ставрови“. Се работи за пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседна куќа (лепенка). Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување на пожарот. Во моментот има 4 противпожарни екипи. На лице место се екипи на МВР и екипи на Итна медицинска помош“, информираат во ЦУК.

Од видео објавено на социјалните мрежи, се забележува дека во една од куќите кои горат е сместен штаб на СДСМ.

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press