Штип, 01.08.2027
Борбата за спас на планината” Готен” продолжува. Од вчера на домашните професионални и доброволни противпожарни друштва им се приклучија и нивните колеги од Словенија, од ПП друштвото “Гасилци”.
На терен се пожарникарите од Доброволното Противпожарно Друштво – Пехчево ТППЕ Берово, општествено одговорна компанија ” Би груп” ДЗС, Доброволното противпожарно друштво од Виница,потпомогнати од доброволци од местното население.
Готен е во рангот на средновисоките плани во Источна Македонија којашто ѝ припаѓа на Родопската зона. Највисок врв е Грамадник на надморска височина од 1.420 м. Планината се наоѓа помеѓу планините Огражден на исток и Плачковица на запад. Од Плачковица е одвоена со долината на Смилјанска Река, а од Огражден со длабоката клисура на Нивичанска Река. Помеѓу овие две речни долини се протега билото на Готен, на кое се издвојуваат врвовите: Грамадник (1.420 м), Аџи Чука (1.299 м) и Калбак Даши (1.178 м). Кон југ постепено се спушта во дното на Радовишката Котлина. Во подножјето на јужната падина се наоѓаат селата: Јаргулица, Покрајчево и Злеово.
На 6 април 1903 година, на планината се водела Битката кај Готен, која била една од најголемите битки на Македонската револуционерна организација пред Илинденското востание на територијата на Македонија.
Секоја чест на сите кои учествуваат во спасот на Готебн, а на нас е само да си припомнеме дека словенски пожарникари, заедно со нивни колеги од Австрија и Бугарија секако и од Македонија, во 2021 година учествуваа во гаснењето на пожарите и спасувањето на Малешевските планини да не бидат уништени од огнената стихија.
Посебна благодарност за словенците, секоја чест и за нашите професионални и доброволни пожарникари кои деновиве пожртвувано работат на спасувањето на Готен.