Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму засега не откриваат детали, а она што е познато е дека Димитровска е повикана за предметот „Адитив“.
„Во рамките на предметот `Адитив` од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден“, велат во ОЈО.
Минатата година, ИРЛ објави истражувачки стории преку кои откри како службеничка од пошта без никакво искуство во хемискот бизнис им продаде на Електрани адитив неколку пати поскап од неговата вистинска пазарна вредност и како високопозиционирани лица во власта ѝ овозможиле да добие пристап до милионските тендери на ЕСМ.
Шестмина директори од АД Електрани се осомничени за перење на пари и злоупотреби при тендерски постапки во државната компанија, а штетата која е направена врз државниот буџет е проценета на 6,5 милиони евра. Во акцијата со кодно име „Адитив“ се опфатени вкупно 23 лица, а случајот го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.