Шест тинејџери застрелани во центарот на Милвоки

20.06.2023

Во тинејџерите, четири девојчиња и две момчиња на возраст од 14 до 19 години било стрелано од огнено оружје, тие се повредени но се надвор од животна опас ност. Тинејџерите биле застрелани за време на прославата на американскиот празник „Juneteenth“ во центарот на Милвоки во американската држава Висконсин.

Полицискиот оддел во Милвоки интервенираше вчера попладне во близина на паркот Роуз, изјави началникот на полицијата Џефри Б. Норман за време на прес-конференција. Повредите не се опасни по живот, додаде тој, а јави Си-Ен-Ен.

„Милвоки, што се случува со нашите деца?“ рече Норман. Тој додаде дека осум години е дел од прославата на „Juneteenth“и никогаш не видел вакво насилство.

Полицијата верува дека пукањето дошло по тепачка меѓу тинејџерите.

Едно 17-годишно момче е осомничено и е меѓу застреланите, рече Норман. Полицијата соопшти дека продолжува со истрагата и откривање на сите други можни осомничени.

Градоначалникот Кавалиер Џонсон го нарече инцидентот „целосно неприфатлив“ и објасни дека во тоа време имало илјадници луѓе во областа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе