ШТИП: Објавен конкурсот за најубаво Велигденско јајце

Штип, 23.04.2024

Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ оваа година традиционално, во чест на големиот христијански празник Велигден ќе ја реализира изложбата  „Шарено Велигденско јајце 2024“.

„Испраќаме јавен апел до сите граѓани на Општина Штип, за секој кој ќе донесе едно шарено-бојадисано Велигденско јајце ќе влезе во конкурсот за натпревар за избор на најубаво бојадисано Велигденско јајце“, соопшти организаторот.

Заинтересираните своето Велигденско јајце треба да го достават во просториите на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, а фотографијата од јацето и генералиите на учесникот: име и презиме и телефон за контакт да се достават по електронска пошта на: nuck_acosopov@yahoo.com

На изложбата ќе се доделат три парични награди за најубаво украсено Велигденско јајце.

Наградата е во висина од 5.000 денари во бруто износ за секое од трите наградени Велигденски јајца.

Комисијата за избор на најубаво украсено Велигденско јаце ќе биде составена од страна на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

Потребно е шареното Велигденско јајце да се донесе на 30.04.2024 година, (вторник) во период од 10:00 до 12:00 часот во Домот на културата “Ацо Шопов” – Штип, каде ќе биде изложено во изложбениот салон Галерија`22, а резултатите ќе бидат објавени во 14:00.

Во НУЦК „Ацо Шопов“ се надеваат дека граѓаните на Општина Штип активно ќе земат учество во реализацијата на изложбата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе