По втор пат Штип беше епицентарот на најдобрите млади светски пијанисти. Во Уметничката галерија Безистен, во организација на Интернационално здружение за културен развој и едукација Арт Фест Штип се одржа фестивалот за млади пијанистички таленти – Golden Piano Talents, на кој настапија 36 пијанисти од Израел, Монголија, Италија, Полска, Чешка, Германија, Шпанија, Турција, Србија, Холандија и Македонија. Извонредно беспрекорни и несекојдневни изведби, огромна радост, ентузијазам, емоции, креативност, насмеани лица и пријателство ја исполнија салата кога тие млади музичари свиреа и славеа заедно. Тоа беше уникатен приказ на различноста на музичката култура и секако доказ дека музиката ги обединува луѓето – убедливо важна порака во вакви времиња. Пијанистите направија неверојатно прекрасна атмосфера свирејќи 8 рецитали, концерт на Македонските пијанисти и големиот свечен концерт на кој на пијанистите и на нивните наставници им беа доделени парични награди, плакети, медали и подароци. Штип беше светски центар на класичната музика.
Пијанистите кои настапија на фестивалот беа избрани претходно на натпреварот Golden Piano Talents, на кој беа оценувани од 9-члено стручно жири, составено од познати светски пијанисти и педагози по пијано: Џулијано Адорно – Италија, Екатерина Георг.-Ледфорд – Америка, Ирина Новикова – Русија/Тајланд, Јекатерина Ростовтсева – Естонија, Нативидад Баларин – Шпанија, Драгомир Братиќ – Србија, Александра Радосављевиќ – Босна, Леа Маркович – Шантек – Хрватска и Марија Максимова – Македонија. За Лауреати беа прогласени Јан Шулсмајстер од Чешка и Матиас Антонио Главинич од Италија. На фестивалот Golden Piano Talents 2023 настапија неколку од победниците во сите категории и дисциплини.
Година за прв пат беше доделена и специјалната награда „Ирена Спасикова“ за посебна посвета, успеси и достигнувања во педагогијата по пијано, која беше доделена во рацете на проф. Тсенгелмаа Тумуркхаан од Монголија.
„Честитки до сите нив и нивните посветени педагози по пијано. Беше вистинска чест и задоволство да се слушнат во живо овие прекрасни пијанисти: Антониа де Пасквале – Италија, Рубен Русо – Германија/Шпанија, Мар Санчез Доменек – Шпанија/Холандија, Шани Капелушник – Израел, Јоана Маја Јасновска – Полска, Максимилијан Маницки – Полска, Адриан Теран – Шпанија, Валентина Вознук – Чешка, Владислав Вознук – Чешка, Уранлкхам Бат Ердене – Монголија, Алекса Вељковиќ – Србија, Сендер Ган-Ердене – Монголија, Гунџ Тенсгиболд – Монголија, Кхонгорзул Батсенгел – Монголија, Нилда Алтуг – Турција, триото Лејла Сијарич/Ина Даи/Анастасиа Габа-Дови – Германија и нашиот млад пијанист Стефан Ончев кој освои максимум бодови во својата категорија. На концертот на Македонски млади пијанисти настапија: Елиза Николоски, Нела Гегова, Александар Карапанџов, Софија Патраклиска, Веда Цонева, Тамара Ушинова, Сара Андев, Јован Цветанов, Кристина и Софија Ангелови, Теодор Смиљков, Софија Петковска,Теодор Прошев, Гала Булатовиќ, Дора Пајдакова, Јулијана Јанев и Златица Лазарова“, изјави уметничкиот директор Марија Максимова.
На свечениот концерт беа доделени медали и плакети на заслужни наставници на пијанистите кои се настапија на Фестивалот Golden Piano Talents. Добитници се: проф. Д-р Анна Јасновска од Полска, проф. Далаисетсег Нуамбалаи од Монголија, проф. Инна Ташкалова од Германија, а оваа година за прв пат беше доделена и специјалната награда „Ирена Спасикова“ за посебна посвета, успеси и достигнувања во педагогијата по пијано, која беше доделена во рацете на проф. Тсенгелмаа Тумуркхаан од Монголија. Честитки за сите нив! Реакциите на Фестивалот се повеќе од фантастични и стигнуваат од сите страни на светот.
„Ви благодариме на поддршката и ќе работиме на идејата Штип и понатаму да биде светски подиум на најдобрите млади пијанисти кој ќе ги мотивира и инспирира во нивната понатамошна работа“, порача проф. Макимова..