„Оваа посета претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус беше ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски го посети и Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запозна со функционирањето на нивниот интегриран систем кој користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција при безбедносни инциденти.
Во рамки на посетата министерот оствари средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал.