Мегународниот музичко сценски фестивал Охридско Лето, нашиот прозорец кон и од св етот, е на ден пред свеченото затворање, со драматичниот текст „Алиса во земјата на стравовите“, инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол, со актерите од Југословенскиот драмски театар.
Режијата му е доверена на нашиот Александар Попоски, сега професор на Универзитетот за драма во Будимпешта каде предава театарска режија.
Завршната претстава на Летото е на Антички театар, додека вечерва, на последната музичка вечер, во Света Софија, на публиката и претстои уживање на такавиканата “Вечер на ЕУ”.
Ќе ја исполнат Ками Тома, на виолончело, родена парижанка, заедно со сонародникот, пијанистот Жулиеан Брокал.
Ками Тома, познавачите ја дефиниораат како возбудлива челистка, радо видена гостинка со Филхармонија во Бремен, Академијата „Санта Чечилија“, „Симфониа Варшовија“, Државиниот оркестар во Хамбург, фестивалскиот гудачки оркестар во Луцерн, Националниот оркестар во Бордо и Бриселската филхармонија.
Ками Тома свири на инструментот Страдивари „Фојерман“ од 1730 година кој ѝ е позајмен на користење од фондацијата „Нипон“.
Пијанистот Жулиеан Брокал, музичкиот магазин Би-Би-Си го прогласува за откритие на годината во 2018, и тој од тогаш настапува во познати концертни сали низ целиот свет.
Има издадено неколку албуми, еден посветен на Шопен и еден на Равел и Момпу, како и трилогија заедно со виолончелистката Ками Тома посветена на Шопен.
Вообичаено е “крајот да го краси делото”. Дирекцијата на Летото, заедно со селекторите за драма и музика, одбраа неколку приредби кои го привлекоа вниманието на публиката.
Покрај претстојните, голем интерес имаше и за претставата “Лет над кукавичко гнездо”, со актерската екипа на Драмскиот театар од Белград, предводена од Драган Бјелогрлиќ.
Публиката ја наполни големата дворана на Центарот за култура “Григор Прличев”, се додаваа помошни столчиња, но, сето тоа, во еден несоодветен простор.
Беше тоа повеќе мачење, отколку уживање, гушење во неклиматизиран простор, згора на се и без нумерирани седишта, како дополнителен проблем за “впечатокот да биде комплетен!”.
Со оглед на фактот што добар дел од публиката беа странски гости, на летуваљње во Охрид, претежно од Србија, требало добро да се размисли, пред да биде публиката донесена во еден екстериерно и интериерно запуштен простор.
Амоњакот од дивото јавно ВЦ, околу влезовите, допираше уште однадвор, додека внатре, таа потреба, публиката можеше да ја задовили во еден навистина хророr простор!
Организаторите се оправаа дека така барале актерите, поради сценографијата (им била понудена отворената сцемна – Долни Сарај), но, како и да е, сето ова фрли дамка, на замислената цел – “крајот да го краси делото!”.