Во сабота на плоштадот во Берово јавна дебата за превенција од шумските пожари под наслов „Огнот не простува, а шумата е живот“
Берово, 24.07.2025
Во саботата на 26 овој месец, на плоштадот во Берово ќе се одржи кампања за заштита од шумските пожари во формат каков што досега кај нас немало. Организатор е Здружението за еко-животна средина, зелен раст и одржлив развој Еко-Зелено движење Берово, во соработка со Центарот за климатски промени –Гевгелија. Јавниот настан ќе започне во 18,30 и ќе трае до 21 часот, а во него, покрај учесниците избрани од организаторот, ќе можат да се вклучат и жителите на Берово како и туристите кои летово го преплавија овој убав крај.

„Јавната дебата ја организираме под наслов „Огнот не простува, а шумата е живот“. Наша цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и туристите за ризикот од шумски пожари, едукација за превенција, безбедна реакција и заштита, зајакнување на институционалната соработка, поттикнување на локални партнерства меѓу сите чинители како и вклучување на децата и нивните семејства преку креактивни активности и пораки“, ни изјави Дафинка Муцунска – Дина, претседателка на Еко-зелено движење Берово.
На настанот активно ќе земат учество претставници на Општина Берово, ТППЕ Берово, подрачно одделение за заштита и спасување, ЈП Национални шуми/ Шумска полиција, НЗ Приватни шуми, доброволно противпожарно друштво Пехчево и локалната градинка од Берово. Дебатата е отворена и за сите граѓани кои ќе присуствуваат на истата.
„Ние кои живееме во нашата преубава Малешевија мора да знаеме дека за само 20 години просечната температура на воздухот во овој крај е золемена за 7 степени целзјусови, а ако ги губиме шумите состојбата ќе стане уште повеќе катастрофална“, потенцира Муцунска. таа информира дека наскоро ќе има нова јавна дебата за спречување на дивата сеча и со тоа пустошењето на шумскиот фонд како и за дебата за акции за пошумување на опожарени и на нови површини.
Според нашата соговорничка настанот ќе оди по овој редослед:
Клучни пораки: „Огнот не простува – шумата е живот“ • Повик до сите да ја потпишат декларацијата и повик до најмладите за активностите во детското катче.

18:40 – 18:55 | НЗ Приватни шуми – „Факти и состојба со пожарите“ • Податоци: глобални, европски, регионални и локални • Последици по екосистемот, економијата и животите
18:55 – 19:10 | ТППЕ Берово • Кои се најчестите причини за пожари? • Како да се реагира кога ќе се забележи пожар? • Демонстрација: тупалки, метли, заштитна облека • Совети за безбедна реакција
19:10 – 19:20 | Подрачно одделение за заштита и спасување – Берово • Улогата во пожари: координација, логистика, спасување • Како се делува во вонредна ситуација • Повик за локална поддршка
19:20 – 19:35 | ЈП Национални шуми / Шумска полиција • Надзор и контрола • Најчести прекршоци и казни • Демонстрација на нивната опрема • Повик за соработка и пријавување на сомнително однесување
19:35 – 19:45 | ДПД Пехчево – Граѓанска сила во акција • Што значи да се биде доброволец, мотив за основање, на друштвото, патот на формирање и оддржување • Препораки и насоки како може Берово да го возобнови и активира своето друштво • Примери од терен
19:45 – 20:00 | Интерактивен панел – Прашања од публиката • Одговори од ТППЕ, Заштита и спасување, ЈПШ, ДПД Пехчево, ЕКО • Простор и за деца и млади да постават прашања.
20:00 – 20:20 | Детски креативен блок Настап на градинка: • Рецитал или песна: „Шумата е наш дом“ • Изложба на цртежи • Детски пораки за шумата и огнот
20:20 – 20:30 | Симболична акција • Засадување дрво (ако дозволуваат условите) • Потпишување на декларацијата • Групна фотографија
20:30 – 21:00 | Неформално дружење и циркулација • Посета на возила и разглед на опремата • Разговори со службите • Разгледување на едукативни материјали.