Порталот на Бранко Геровски, Инфо Плус, ја разбрани јавноста, со информацијата, како што се наведува, поткрепена од анонимен извор на Министерството за здравство, дека, овој ресор “ има валкан план со цел др. Елена Ковачевска Башуроска, актуелна ВД. директорка на Кардиолошкиот центар во Охрид, да ја тргне од функцијата.
На душа и се става тоа што не сакала, под партиски диктат и притисок, да прими, прифати префрлање на млад лекар, етнички Албанец, од Кичево во Охрид!
Генезата на овој случај е од понов датум, од крајот на минатата година, кога беше распишан конкурс за директор на оваа Специјализираната болница, а таа се пријави како единствен кандидат.
Министерството, уште тогаш, оставило сомнеж за своите добри намери, бидејќи, наместо да го поништи и да распише нов конкурс, доколку нешто било спорно со Ковачевска Башуроска, ја назначи за в.д. директорка.
Формално – правно, овде и нема случј, бидејќи нема што да се смени. Нема директорка, туку само вршител на должност, кому, кога ќе му помине пропишаниот 6 месечен мандат, му престанува таа должност.
Но, во жална Македонија не е така. Случајот веднаш добива етнички димензии и партиски предзнак. Тоа, пак, нема врска со ВД. директорката, затоа што во Специјалната болниоца, веќе има успешни лекари – Албцни,медицински сестри и друг персонал.
На Ковачевска Башуроска, никој досега не и припишал етнички анимозитет и предрасуди, а најмлку кардиолозите и другиот персонал, етнички Албанци. Во исто време, во Специјализираната болница работат 30 кардиолози, што, смета таа, е сосема доволно.
Потврдите за тоа се секојдневни. Најголемите пофалби доагаат токму од пациентите, во добар дел етнички Албанци. Констатацијата е единствена. Ако не беше оваа болница, многумина жители на Дебар, Струга, Кичево, Охрид, Ресен, па и Прилеп, одавна ќе беа на оној свет, а, не се, токму поради успешни интервентни активности, а од целата држава во делот на рехабилитацијата.
Тогаш зошто се креира проблем, ако веќе нема проблем и кој го креира?
Според редоследот на нештата – Министерството за здравство, каде, веќе, била формирана тричлена комисија, којашто треба да го испита работењето на Специјализираната болница во Охрид, а комисијата побарала документација од болницата. Значи, се бара изговор да се изврши партиска егзекуција над Ковачевска Башуровска.
Авторот на посочениот текст, прстот го вперува кон Минињстерството за правда, кон Алијансата на Албанците, како коалициски партнер на СДСМ во власта, но и кон самата СДСМ.
Доколку ѓаволот е само во Министерството и во Алијасата, а не во деталите, може и да се разбере иако и за тоа не би требало да има разбирачка. Но, ако е во деталите и посебно во договор со СДСМ, тогаш ѓаволот е однел шегата и тоа е гротесткно.
Прво, од аспек на самиот СДСМ, односно, самата Ковачевска – Башуровска. Сите знаат дека е таа врвен специјалист и личност со организаторски способности, очигледни и докажани, а за оние што не знаат, таа е чедо-ќерка на др. Стојан Ковачевски, лекар-специјалис, но и човек, мој драг пријател, какви денеска во СДСМ ги нема колку ниту прсти на едната рака!?
СДСМ треба да му пали сфеќа секој ден. Еве едно лично сведоштво. Кога со другарпот Тито ја формиравме НСДП, лично бев задолжен и него да го привлечиме. Дури и се договоривме да се видиме, заедно со Маршалот од Псача, во Радожда. Ми вети дека ќе дојде, но се премисли. Од денешен аспект, капа му симнувам!
Второ, од аспект на секодневието – вчера и денес. Како беше вчера? Еве: Мијалков ги купи становите на Мијалков,
татко си го убил двегодишното чедо со претепување, двајца ранети пред ургентен центар во пукање во Тетово, нападот во М-НАВ, бил зад грбот на Незири, фирма блиска до Ахмети наплаќа 3 милиони евра за обезбедување на капија, низ која се влегува како низ продупчено сирење, прегазена жена во Тетово, возачот избегал….
И така натаму, и така наваму!?
И при сета таа “хубавина!” фалеше само уште разрешувањето на еден врвен анестезиолог со субспецијализација во областа на кардиологијата, докторка, една од најпосветените во оваа здравствена установа, со реноме на најдобра во земјата.!?
Лично не верувам дека СДСМ, барем не јавно, тука замешал прсти. А, дали бил ставен на тест? Тоа не е исклучено, зашто кога е во прашaње ѓаволот, тука има уште детали.
Мојот драг, Др. Стојан Ковачевски, мегу другото, беше и директор на Заводот за трансfузиологија во Струга. И не само директор, туку и синоним. Од пред скоро, таму директорува Албанец, што, ниту мора нешто да значи, ниту, пак, не треба да биде така.
Но, јавна тајна е дека политиката (партнерите – Алијанса и ДУИ) фрлиле око и на една од охридските специјализирани здравствени установи. Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” и Кардиолошкиот центар во Охрид. Во првата, веќе е распишан конкурс и пријавени се двајца. Македонец и Албанец. Ниту едниот, ниту другиот, не ми се “ниту по стртиче, ниту по вујче”. Ама, доколку едниот, или другиот бидат избрани не по знаењето и докажаноста, туку по партиско – етнички клуч, е тоа, веќе, ќе биде премногу.
И во едната и во другата установа, колку Македонци, се лечат и Албанци. Албанци од Македонија, од Косово, од Албанија. Доктори одат и во самата Албанија да ординираатво тамошни установи.
Затоа, драги Албанци, Албанки и млади Албанчиња.Примете порака од “албанофобот!”, кој го направи првото комерцијално радио на албански јазик (новинар – еден Рашиди од Струга) и за што беше “почестен” со смртна пресуда од Заштитниот (ВМРО-вски комитет во Охрид , на Коле- Бикчето, Војводата!):
Aко на било кој начин осознаете дека во Охрид, Струга, или било каде, се бираат кадрии по партискло – етнички клуч, уште денеска, силно кренете го гласот. На тој начин, ќе им помогнете на Македонците, за да не бидат жигосувани, а со тоа и на Албанците, ќе си помогнете на самите себе си !!!
Веќе угтре, или задутре, ќе биде предоцна за сите !?
Куцнат е часот, дојдено е времето да се бориме заедно – за да не висиме одделно!!!
Пишува: Веле Митаноски