Минаа времињата, кога во Охрид на секој чекор се потевнуваше: бегајте Грци не ве сакаме!
Рефренет од познатата охридска староградска песма, сега звучи: елате, елате (ελάτε, ελάτε), многу ве сакаме!
Охригани ја свртија плочата, откако некогашните први “трошаџии” – Србите, помалкуим го свртија грбот и се помалку доагаат, па на “клетите” Грци, сега им бојадисуваат јајца за Велигден, им прават метании за Боќиќ, само да им ги наполнат хотелите, рестораните и кафулињата.
Така бешеи денеска, vo, со сонце облеаниот и со пријатна топлина овенчаниот Охрид.
Како увертира за новогодишните празници, градот викендов е во празнично расположение, со полни тераси на кафулињата и рестораните, шеталиштата, тесните калдрмосани улички во старото градско јадро.
Празничната атмосфера ја создадоа бројните туристи од странство, најповеќе оние од Грција, иако имашеи од Бугарија, Албанија и Црна Гора и други земји, дојдени тука да го прослават Католички Божиќ.