Буршајд (Германија), 17 јануари 2023
Адиент, водечкиот добавувач на системи за седишта за автомобилската индустрија,е сертифициран како „Најдобар работодавач 2023“(“Top Employer 2023”) за својата организација во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Во процесот на оценување учествуваа 25 фабрики на компанијата Адиент, вклучувајќи ги и локациите во Република Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Полска. Сите фабрики беа оценувани од страна на реномираниот Институт „Top Employer“ во шест области во управувањето со човечки ресурси, кои опфаќаат 20 теми, како што се Стратегија за човечки ресурси, Работно опкружување, Аквизиција на таленти, Учење, Разноликост и инклузија, и Добросостојба.
Небахат Гулер, Потпретседател за човечки ресурси на Адиент ЕМЕА изјави: “Сертификацијата за Најдобар работодавач е признание за нашата посветеност во Адиент за инклузивна и позитивна работна култура, која ние сакаме постојано да ја развиваме и одржуваме. Ова е посебен предизвик имајќи го предвид динамичното пазарно опкружување во автомобилската индустрија, која постојано се соочува со надворешни предизвици и промени. Сертификацијата е потврда за нашите заложби и истовремено и мотивација кон остварување на нашата цел да се биде најдобар работодавач.“
Роберта Василева Коцев, Менаџер за човечки ресурси во Адиент Сеатинг Штип додава: “Како дел од мрежата на Адиент, нашата фабрика во Штип беше оценувана од страна на реномираниот Институт Top Employer. Позитивните резултати докажаа дека ние можеме да ги комбинираме стандардите на Адиент како глобална компанија со локален пристап и да имаме одлични резултати во развој на човечките ресурси и грижата за вработени, особено во однос на одличност во условите за вработените, унапредување на перформанси на вработени, кариера, тренинг и развој, добросостојба, наградување и признанија, мотивација, негување на корпоративни вредности на разноликост, еднаквост и инклузија, како и заложбите за одржливост.“