Штип, 12.07.2018
Во Штип ќе се игра одбојка на песок во рамите на Балканското првенство за репрезентации до 21 година во машка и во женска конкуренција.
Дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ ќе биде местото на кое ќе се одржува првенството кое е во организација на Одбојкарскиот сојуз на Македонија и Општина Штип.
Беа пријавени екипите на Македонија, БИХ, Србија, Молдавија, Албанија, Косово, Турција, Црна Гора но во последен момент учеството го откажаа Србија, најверојатно поради учеството на Косово и Турција од засега непознати причини. Сепак, организаторите велат дека сеуште не се изгубени сите шанси за учество и на турската репрезентација.
Вечерва во 20 часот, во хотел „Оаза“ ќе се одржи ждребката за групите, а првиот натпревар започнува утре, 13. о.м. со почеток во 8,30 часот.