Белград, 09.10.2018
Утре во Белград ќе се одржи Меѓународниот фестивал на сатира „Сатира фест 2018“. Фестивалот ќе биде отворен во19,30 часот во Задужбина Илија М. Коларац. Фестивалот го организира Белградски афористички круг, а истиот се одржува под слоганот „Во кралството на афоризмот“..
Фестивалот е посветен на 120 годишнината од објавата на првата првата книга афоризми во Србија која ја напишала кралицата Наталија Обреновиќ.
На фестивалот ќе учествуваат 34 афористичари од Швајцарија, Македонија, БИХ, Црна Гора и Србија.
Македонија ќе ја презентираат познатите афористичари Миле Ѓоргијоски и Витомир Долински.
Миле Ѓоргијоски годинава на фестивалот „Шабачка чивијада“ во Шабац освои гран при, а истото врвно признание го доби и во 2013 година.