Битола, 27.12.2017
Во рамки на шаховскиот турнир „Державин“ – 2017, на 23.12.2017 во просториите на Славјански во Битола триесетина битолчани ги измерија силите против велемајсторот Влатко Богдановски.
Битолскиот велемајстор во шах, Влатко Богдановски, одигра симултан натпревар – „симултанка“ со 30 познати битолчани.
По завршувањето на „симултанката“, само тројца битолчани можат да се пофалат дека одиграле реми со велемајсторот, а тоа се Сашко Павловски, Тони Коњановски и Весна Светозарева.