Болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена идната година

10.02.2019

Министерот за здравство Венко Филипче  на прес конференција соопшти дека работите за градбата на болницата во Штип, се изведуваат со забрзана динамика. Тој верува дека наредната година Штип ќе добие нова и најсовремена болница, на која сите граѓани ќе бидат горди.

– Добивме информација од изведувачот со кој Министерството за здравство има потпишано договор. Тоа е грчката фирма Интракат, дека го раскинале договорот на досегашниот подизведувач и бара продолжување на роковите. Рокот го продолживме за една година и сега крајниот рок кога треба болницата да биде завршена е 2020 година – изјави Филипче.
Во меѓувреме, како што рече
министерот, забележуваме, а имаме и извештаи од надзорот дека работите се изведуваат со навистина забрзана динамика.

– Имаме интензивна комуникација и со градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој треба да преземе обврски за некои сообраќајни решенија – изјави Филипче.

 Новиот Клинички центар кој е од регионален карактер започна да се гради во 2016 година. Центарот е со вкупна површина од 34.000 квадратни метри, а неговата вкупна вредност е 56 милиони евра, од кои 30 милиони евра само во градежниот дел а другот во опрема на Клиничкиот центар со најсовремена опрема..

Новата болница треба да обезбеди здравствени услуги за над 200.000 пациенти.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе