Штип, 10.10.2020
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес на својот фејсбук профил објави дека Штип на својот Градски стадион добива нова трибина.
-По пауза од 55 години Штип добива нова западна трибина. Работите веќе започна. Нека е со среќа штипјани, напиша Бочварски.
Тој денес, заедно со заменик градоначалникот на Штип Јане Миланов беше на местото на настанот, односно на Градскиот стадион каде направија увид во работите при што изјави дека на стадионот ќе се гради и источната трибина чиј инвеститор ќе биде Општина Штип.