Штип, 01.12.2016
Штипската фабрика за масло „Брилијант“, еден од најуспешните репрезенти на локалното стопанство, отпушти половина од вкупно околу стотина вработени. Веста во Штип, а и пошироко, одекна како бомба, зашто за производителот на најреспектираниот бренд на масло за јадење во државата се мислеше дека е толку стабилен производен капацитет што неговата суверена позиција никогаш не би можела да биде загрозена.
Во градот има повеќе пикантни приказни за одлуката на менаџментот на оваа фабрика да отпушта работници.
Првата приказна гласи дека луѓе од актуелната власт му се јавиле на сопственикот Мите Николов со ултиматум тие да ја купат фабриката на што Николов им одговорил дека Брилијант не е на продажба.
Втората вест за која нашироко се говори во Штип е дека владеачката партија ВМРО ДПМНЕ ултимативно побарала „Брилијант“, за изборите да и исплати поголема сума во евра, на што исто така добиле негативен одговор. По одбивањето на овие непристојни предлози, според шпекулациите во градот, владејачката партија, преку царината, го блокирала увозот на суровини со што фабриката била ставена пред свршен чин.
Коста Ташков, директор во „Брилијант“ ни изјави дека ништо од тоа не е точно.
„Точно е тоа дека отпуштивме околу четириесетина работници но причината е во многу високата цена на суровините на светската берза поради што натамошното производство стана неисплатливо. Кога на берзата ќе дојде до стабилизација на цените на суровините кои нам ни се неопходни, ние ќе ги вратиме сите работници на работаа“, вели Ташков.
Каква и да е вистинаста факт е дека ова е една лоша вест зашто да се остват без леб стотина семејства е една многу мачна работа.